Предавање Математика со Moodle во Основно образование

  • Во почетокот ќе ја прикажам moodle статистиката за искористеноста на moodle во светско ниво а потоа и во Македонија и во земјите кои се учесници на конференцијата Србија, Хрватска како и бројот на регистрирани moodle web страни.
  • Ќе ја претставам идејата за дигитално основно училиште преку moodle со користење на веб страната http://moodle.oublazekoneski.edu.mk.
  • Потоа ќе го презентирам како новите Cambridge програми по математика можат да се предаваат со користење на Moodle. Искористување на спиралниот карактер на наставната програма на најсоодветен начин со moodle.
  • Ќе  презентирам неколку пристапи во предавање математика со користење на Moodle
    • Превртена училиница (користење на screencast)
    • Квизови (на веб страната на располагање има комплетна банка на прашање 1800 по кои се изведување екстерното тестирање на учениците од VI, VII, VIII и IX одделение)
    • Ресурси (работни листови, линкови до можости за проширување, математички игри кои можат да сеискористат за збогатување на наставата по математика)
    • Форуми за дискусија (за некое од 5те подрачја, за наставната содржина, за домашната, за оценувњето)
    • Користење на matheditor, MathType за математички записи (вовед во LaTeX како можност за дополнитлени активност слободни ученички активности) како во форумите или во нивните одговорни на дневните задачи
    • Користење на анимации направени во Geogebra, Cabri Geometry, Mathematica во Mooode курсевите за збогабтување на наставата по математика.
    • Објаснување на предностите на асинхроното учење во споредба со синхроното учени и како тоа најдобро може да се направи во настaвата по математика со помош на Moodle
    • Оценување на учењето и поучувањето со помош на Moodle 
  • Ќе завршам со сопствени согледување за можностите за заголемување на користеноста на Moodle од страна на наставниците на сите нивоа како и причините кои тоа го попрелуваат.

» Detalji programa