O predavačima i njihovim izlaganjima




Усвојување на германскиот како странски јзик со платформата МУДЛ и други софтвери (истражување за докторска дисертација)

Истражувањето е спроведено во период од 2012-2016 год. и опфаќа 3 образовни институции. Со студенти во Бизнис Академија Смилевски, со ученици во СОЕУ Јане Сандански и со слушатели во Училиштето за германски јазик Делфин. 

Со истражувањето учениците имаа можност да го усвојат германскиот јазик на нов модерен начин на онлајн учење, преку платформата МУДЛ. Учењето се состоеше од:

  • изучување на нов материјал преку слики, текстови, вежби, домашни и училишни задачи, аудио и видео материјали, линкови и сл.,
  • вежби за повторување,
  • пребарување во електронски речник,
  • пребарување на интернет на одредени теми,
  • изработување на училишна и домашна задача,
  • изработување на проектна задача,
  • изработување и поставување на ППТ презентации и
  • изработување на тест за проверка на знаењето.

Вкупниот број на учесници во анкетите изнесува 282 учесници. Анкетата е составена од 40 анкетни прашања (во натамошен текст: АП), кои заради големиот број на прашања се поделени во следниве седум блока: општи прашања, општи прашања за МУДЛ, споредбени прашања, писмено и усно оценување, додатоци и учење од дома, резултати од истражувањето и дефинитивни одговори. 

  • Блок I: Oпшти прашања: пол, година, возраст и ниво, претходно искуство, компјутерски компетенции и други предмети со помош на компјутер.
  • Блок II: Oпшти прашања за МУДЛ: активност на час, дисциплина, интерес, функционалност и применливост и корист од поставените материјали.
  • Блок III: Споредбени прашања: споредба на МУДЛ со класичната настава, текстови и наставни материјали, оценување на вежбите и разлики, домашна и училишна задача, начин на пишување и користење на МУДЛ од дома.
  • Блок IV: Писмено и усно оценување: писмена работа, споредба, оценување, усна оцена и објективност во оценувањето.
  • Блок V: Додатоци и учење од дома: Користење на поимник, нотес, онлајн учење од дома, онлајн учење од дома наспроти онлајн учење во училница и учење со МУДЛ, НСС и скајп. 
  • Блок VI: Резултати од истражувањето: предности, слабости, јазични вештини, читање, пишување, слушање и зборување.
  • Блок VII: Дефинитивни одговори: класична или онлајн настава, МУДЛ по сите предмети во училиштето, со МУДЛ до подобрување на образованието и повторно учење преку платформата МУДЛ.