O predavačima i njihovim izlaganjima




Видео конференции во Мудл

Како да се збогати една eLearning околина како што е Мудл со можност за видео конференции, за побрзо создавање, споделување и следење на ефективните образовни искуства за учениците и за професорите? Дали е можно да се постави видео конференција односно on-line состанок како решение со отворен код (opensource) и да се интегрира во Мудл? Доколку имате сервер под ваша контрола, и би можеле да го вклучите за поддршка на повеќе истовремени корисници, тогаш тоа е можно. Такво решение, можеби помоќно и од Adobe Connect е OpenMeetings. Функционалности на OpenMeetings се: може да се дели whiteboard помеѓу корисниците, да се одржуваат аудио и видео конференции, има можност за поставување и конвертирање на презентации во Flash форматот, PDF, PPT или ODP и има можноста за снимање на состаноците. Но најбитно од се е што има поддршка за сите платформи, односно оперативни системи. Настрана од тоа што има можност да се снимаат состаноците, исто така, може да се споделува екранот дури и од Linux машина, што не е можно со Adobe Connect. Најдобро од сè е тоа што целиот пакет OpenMeetings е врз основа на слободен софтвер. При тоа се користи Red5 сервер за чување, снимање и делење на видео и аудио, како и за управување со "собите" за конференции. За да се конвертираат документите во Флеш формат, се користи OpenOffice.org, но во сервер мод. Манипулира користејќи Ffmpeg за видео, SOX за аудио, за сликите употребува imagemagick, додека за страната на клиентот користи OpenLaszlo Flash. Ова не е се. OpenMeetings може да се интегрира во Мудл. Во оваа прилика ќе се зборува за користењето на OpenMeetings, како активност за учениците и професорите во самиот Мудл систем.