Проектот германскијазик.мк е проект на повеќе приватни училишта за германски јазик во Република Македонија. Во него земаат учество центарот за странски јазици Шрите од Кичево, центарот за странски јазици Германика од Штип, центарот за германски јазик Мотив од Кочани и училиштето за германски јазик Делфин од Битола. Сите професори, кои работат на овој проект се обучени да работат на МУДЛ платформата и работат со сопствени материјали.
Тој претставува вмрежување на повеќе училишта за изучување на германскиот јазик онлајн, кое се изведува со помош на платформата МУДЛ и конференцискиот сервис ЗУМ. Во овој проект се нудат полуинтензивни групни курсеви како и интензивни курсеви во група или поединечни. Целта на оваа платформа е учесникот од Македонија или странство да може да избира училиште, каде што сака да го изучува германскиот јазик, како и размена на ученици помеѓу училиштата.
Платформата е верзија 3.7. На неа се поставени курсеви за сите степени според Европската референтна рамка за јазици од А1 до Б2. Се користат сите активности и материјали за учење, кои ги нуди платформата и тоа пдф датотеки, ППТ презентации, ворд датотеки, видео и аудио материјали, речници, домашни и училишни задачи, линкови од интернет, како и најзастапените активности од МУДЛ: страница, квиз, речник и домашна задача. Активностите се поткрепени со слики, текстови, аудио и видео материјали, додека квизовите се со голем број на видови на прашања (прашања со избирање, со влечење, точен неточен одговор, подредување, допишување и сл.).
Можноста за автоматско оценување на МУДЛ се користи максимално и тоа од овој начин на оценување постојано се следи напредокот на ученикот и резултатите се впишуваат во дипломата за завршен степен.
Со овој тип на онлајн учење, нема никакви ограничувања за учениците. Секој ученик може да учи во било кое училиште, без разлика каде ученикот живее, во кој град или во која држава.
Ова е одлична можност за учесниците, македонци, кои се иселени во Германија, Австрија и Швајцарија, да учат од дома, и со мајчин говорител да го изучуваат германскиот јазик.