Предавање Математика со Moodle во Основно образование
Во почетокот ќе ја прикажам moodle статистиката за искористеноста на moodle во светско ниво а потоа и во Македонија и во земјите кои се учесници на конференцијата Србија, Хрватска како и бројот на регистрирани moodle web страни.
Ќе ја претставам идејата за дигитално основно училиште преку moodle со користење на веб страната https://moodle.oublazekoneski.edu.mk.
Потоа ќе го презентирам како новите Cambridge програми по математика можат да се предаваат со користење на Moodle. Искористување на спиралниот карактер на наставната програма на најсоодветен начин со moodle.
Ќе презентирам неколку пристапи во предавање математика со користење на Moodle
Превртена училиница (користење на screencast)
Квизови (на веб страната на располагање има комплетна банка на прашање 1800 по кои се изведување екстерното тестирање на учениците од VI, VII, VIII и IX одделение)
Ресурси (работни листови, линкови до можости за проширување, математички игри кои можат да сеискористат за збогатување на наставата по математика)
Форуми за дискусија (за некое од 5те подрачја, за наставната содржина, за домашната, за оценувњето)
Користење на matheditor, MathType за математички записи (вовед во LaTeX како можност за дополнитлени активност слободни ученички активности) како во форумите или во нивните одговорни на дневните задачи
Користење на анимации направени во Geogebra, Cabri Geometry, Mathematica во Mooode курсевите за збогабтување на наставата по математика.
Објаснување на предностите на асинхроното учење во споредба со синхроното учени и како тоа најдобро може да се направи во настaвата по математика со помош на Moodle
Оценување на учењето и поучувањето со помош на Moodle
Ќе завршам со сопствени согледување за можностите за заголемување на користеноста на Moodle од страна на наставниците на сите нивоа како и причините кои тоа го попрелуваат.