д-р Николче Шулевски е професор по германски јазик вработен во СОЕУ Јане Сандански, Бизнис Акедемија Смилевски и сопственик на приватното училиште по германски јазик Делфин. Во 2011 год. магистрирал на тема Примена на компјутерите во наставата по германски јазик во училиштата во РМ. Од 2011 год. активно користи и се занимава со платформата МУДЛ. Во 2018 год. успешно ја одбранил докторска дисертација на тема: Усвојување на германскиот како странски јазик со помош на платформата МУДЛ и други софтвери.
Своето стручно усовршување во областа на електронското учење го започнува во 2009 год. со магистратурата. Во 2013 год. се стекнал со 10 месечна стипендија од програмата Erasmus Mundus – Basileus IV, програма на ЕУ на Универзитетот во Хајделберг (Ruprecht-Karls-Universität Heidelberg) за истражување.
Меѓу големиот број на семинари, саеми и конференции се вбројуваат:
Учество на Саем и Конференција Learntec Карлсруе, Германија/ 22 интернационален саем и конференција на тема: Учење со ИТ технологија – Конференција
Учество на конференција Moodle//Mahara//Moot 2014 во Лајпциг, Германија
Учество и предавање на конференција Moodle Moot 2014 Austria
Учество и предавање на конференција Moodle Moot HR14 во Хрватска
со одобрение на Министерството за образование и наука на Република Македонија, официјално е одобрена и првата МУДЛ училница во Република Македонија
Учество и предавање на конференција Moodle Moot Serbia 2014 во Белград
Основање на невладино здружение МУДЛ Македонија во 2015 год.
Учество и предавање на конференција Moodle Moot Serbia 2015 во Белград
Учество на онлајн конференција 5. DafWebKon 2016 со тема: Доживување на германскиот јазик мултимедијално.
Учество и предавање на конференција Moodle DACH 2016 во Констанц Германија
Учество и предавање на конференција Moodle Moot Serbia 2017 во Белград
Учество и предавање на онлајн конференција 6. DafWebKon 2017