Весна Попова, дипломиран професор по германски јазик и книжевност и постојан судски преведувач од германски на македонски јазик и обратно.
Завршени студии по германски јазик и книжевност, универзитет „Свети Кирил и Методиј„- Скопје.
Од 2004-2008 живеев во Хамбург, Германија. 1 години студирав како гостин студент на катедрата по јужна славистика и на катедрата по германистика.
Во тек магистерски студии по конференциско толкување при универзитет „Свети Кирил и Методиј„ во Скопје.
Сопственик на Центар за странски јазици и судски преводи Германика Штип.
Работно искуство: 10 години управител и професор по германски јазик во центар за странски јазици и судски преводи Германика во Штип. Долгогодишно искуство со курсеви за деца по германски јазик од 5 годишна возраст, ученици, студенти и возрасни лица., Стручни курсеви по германски јазик за менаџери во фирми во Штип како и специјализирани курсеви по германски јазик за медицински лица.
Надворешен професор по германски јазик на катедрата по германски јазик и книжевност при универзитет „Гоце Делчев„ Штип, проект во траење од 6 месеци.
1 година професор по германски јазик во средното музичко училиште „Сергеј Михајлов„ во Штип.
Долгогодишно искуство како постојан судски преведувач и толкувач во Македонија и сојузна Република Германија.
Од 2019 живеам во Германија, предавам онлајн курсеви по германски јазик со Мудл платформата и работам како постојан судски преведувач.