МУДЛ у Биро за развој на образование у Р. Северну Македонију
Бирото за развој на образованието согласно своите законски надлежности спроведува обуки за професионален развој на воспитно-образовниот кадар во училиштата. Следејќи ги современите трендови во образованието, Бирото обезбеди електронски Систем за управување со учење (www.lms.bro.gov.mk) со чија помош ќе се следи и поддржува професионалниот и кариерен развој на наставниците. Ова подразбира обезбедување онлине курсеви на теми кои се од интерес на наставниот процес но и за професионалниот напредок на наставниците.
Системот за управување со учење ја следи структурата на образовниот систем во Република Северна Македонија односно наменета е за предучилишно, основно и средно образование и ученичките домови. Исто така, е адаптирана на сите наставни јазици, македонски, албански, турски, српски и босански.
Во системот се регистрирани 20842 корисници од кои 20 се администратори. Недостасуваат уште околу … наставници но за жал сеуште нема доволно релијабилен извор на податоци за да се утврди точната бројка.
Системот е тестиран минатата година со неколку анкети. Во мај, 2019 година е поставен онлајн курс за инклузивно образование. До 2.12.2019 курсот го завршиле 6945 наставници од кои 4842 на македонски јазик и 2103 на албански јазик. Курсот не е преведен на другите наставни јазици.
Во тек е изработка на курс за примена на ИКТ во наставата во траење од два часа. Се изработува според SCORM стандарди и има пет модули.